Забава Избор

Лето 2023 во клуб Rebel: Среда, 9. август, Hip Hop Night со Dj Face

Охрид, 8. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Забавите на Број 1 подиумот ова лето во Охрид продолжуваат со Hip Hop Night и настапот на одличниот Dj Face во среда, на 9-ти август во клуб Rebel.

Важи за број 1 RBN & Hip Hop Dj во државата. За неговите забави секогаш се бара билет повеќе, а зад себе има сериозно искуство и настапи во најдобрите клубови во државата, но и надвор од неа. Испорачува свеж музички избор и има одлична техника и чувство за публиката. Dj Face има и сопствено радио шоу „Hip Hop Don’t Stop“ на охридското Супер радио, секоја среда од 21:00 до 22:00 часот.

Обезбеден паркинг за сите, а забавата започнува во 23:59 часот. Телефон за дополнителни информации и резервации е ++38979230912.

Ова лето, клуб Rebel е местото каде треба да бидете. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука