Избор Локална самоуправа

Богата социјално-едукативна програма на првото издание на Ohrid Water Festival

Охрид, 15. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на првото издание на големата промотивно спортска манифестација Ohrid Water Festival, покрај 17-те спортски настани, предвидена е богата социјално-едукативна програма која вклучува низа интересни и забавни содржини кои ќе го привлечат вниманието на публиката.

Забавниот дел на фестивалот ќе стартува на 21-ви август (понеделник) со Концерт на поп печајот Ѓоко Танески. Во вторник, на 22-ри август 2023 година, ќе биде организирана изложбата „Флора и фауна од Охридско езеро“ и „Потонато културно историско богатство“, а за музичкиот дел од вечерта ќе се погрижи Dj Ванчо Плеј.

На 23-ти август (среда) во текот на денот ќе биде организиран Отворен ден во ЈНУ „Хидробилошки Завод“, а текот на вечерните часови ќе се одржи Панел дискусија на тема „Охридското Езеро-валоризација на вредностите како пат кон идните бенефити“. Во рамки на музичкиот дел од вечерта, ќе настапи Dj Багзи.

Во четврток, на 24-ти август 2023 година, ќе бидат поставена Изложба „Почетоците на веслањето во Охрид“ и „Победници на охридскиот пливачки маратон низ времето“, а за музичкиот дел ќе се погрижат „Балканикос Бенд“ и „Жармена Бенд“. На 25-ти август ќе биде поставена изложба „Рибите од Охридското Езеро“. Истиот ден во организација на ОФВ и Slow Food Охрид ќе се одржи промоција на охридска и македонска традиционална храна и пијалоци, а за добрата атмосфера ќе се погрижи Dj Rootboy Selector.

На 26-ти август, сабота, на денот кога е предвидено одржувањето на Охридскиот пливачки маратон ќе продолжи Промоцијата на охридска и македонска традиционална храна и пијалоци, а за добрата атмосфера во вечерните часови ќе биде задолжен „Ансамбл Билјана“.

Фестивалот ќе финишира во недела, на 27-ми август со Концерт на Камерниот битолски оркестар „Рок Симфонија“.

Сите настани од социјално-едукативниот дел на програмата ќе се одвива пред платото на хотелот „Палас“, а за повеќе детали и за времето на одржување на настаните може да се информирате на следниот линк. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука