Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Фото изложба на тема „Вода = Живот“ во Касарна Хаб

Охрид, 16. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Старт-ап центарот Касарна Хаб Охрид во соработка со Амбасадата на Холандија, организираат фото-изложба на тема „Вода = Живот“.

Ќе се одржи вечерва, со почеток во 19:00 часот во „Павилјон 2“ од поранешна Касарна на улица „Радојца Новичиќ“ б.б. во Охрид.

– Водата е неопходна за животот на земјата. Светот се соочува со невидени климатски предизвици и многу од нив се поврзани со премногу, премалку и премногу валкана вода. Иако водата ја има насекаде, само 2,5 отсто од светската вода е свежа вода. Од оваа свежа вода, само мала количина (1 процент) е лесно достапна во езерата, реките и мочуриштата. Остатокот е заклучен во глечери (две третини) или скриен во подземните води (речиси една третина). Историјата, културата и иднината на Холандија се нераскинливо поврзани со водата. Затоа Холандија е посветена да ја вреднува водата како скапоцен и незаменлив ресурс, порачуваат организаторите.

Во 2022 година, во пресрет на COP27 во Египет, Холандија ги повика ентузијастите за фотографија од целиот свет да создадат и споделат инспиративна и провоцирачка еколошка фотографија во фото натпреварот „Вода = живот“. Но, и покрај толку многу примени моќни слики, може да има само еден победник. Тоа беше Томислав Георгиевски од Македонија со фотографијата направена во Црн Дрим во Струга. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука