Избор

Трибина по повод Денот на АРМ утревечер во Младински Центар Охрид

Охрид, 16. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Младински Центар Охрид во соработка со Здружението на ветерани од одбраната и безбедност Охрид, организира трибина по повод Денот на АРМ, 18-ти август и 80 години од формирањето на баталјонот „Мирче Ацев“.

Трибината ќе се одржи утре од 18:00 часот во Младински Центар Охрид (Conference room), а учество ќе земат дел од ветераните на АРМ, млади лица и претставници од институциите.

Предвидена е посета на Спомен собата на Шестата Македонска Народноослободителна бригада, како и проекција на видео запис од Формирањето на АРМ – Првата заклетва на војниици во Касарната Михајло Апостолски во Охрид.

За роденден на АРМ е избран 18-ти август, денот кога во 1943 година на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев”. Процесот за формирање на современата македонска армија e започнат во 1992 година, кога тогашниот претседател Киро Глигоров, со раководството на ЈНА го потпиша договорот за дислокација на федералната армија од територијата на Република Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука