Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Финално одбројување до стартот на вториот Меѓународен ракометен турнир „Крсте Андоновски“

Охрид, 16. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Финално одбројување до почетокот на второто издание на Меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“.

Турнирот ќе се одржи следната недела, од 23-ти до 26-ти август во салата „Билјанини извори“, а под покровителство на Општина Охрид.

Ќе учествуваат осум екипи. Покрај домаќините ГРК Охрид, на турнирот учествуваат и ракометните клубови Еурифарм Пелистер, Бутел, Голден Арт, Бешикташ, Олимпијакос, Металопластика и Татран Прешов.

Натпреварите ќе се емитуваат во живо на You Tube и на дигиталните платформи на ГРК Охрид на социјалните мрежи, а снимки ќе може да се проследат на МТВ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука