Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Сообраќајка на булевар „Туристичка“, се судрија две возила

Охрид, 17. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Две возила се судрија попладнево, нешто по 16:00 часот на булевар „Туристичка“, на влезот во Охрид.

Според првичните, неофицијални информации, во незгодата која се случи наспроти бензинската пумпа на „Лукоил“, на потегот кон центарот на градот, учествувале две возила марка Фолксваген „Голф“.

До овој момент нема потврдени информации за повредени лица, а во незгодата е причинета поголема материјална штета.

Увид на лице место изврши екипа на СВР Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука