Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Полицијата пронајде марихуана кај лице од Велес со привремен престој во Охрид

Охрид, 18. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 17-ти август 2023 година, во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид привеле 28-годишно лице од Велес, со привремен престој во Охрид.

– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во Полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука