Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Утре „езерско“ фудбалско дерби, Караорман гостува во Охрид

Охрид, 18. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Утре „езерско“ фудбалско дерби во Охрид.

Во рамки на второто коло во новата натпреварувачка сезона во втората фудбалска лига, струшки Караорман му гостува на ГФК Охрид Лихнидос. Ова е прв натпревар на домашен терен за оваа сезона за „рибарите“.

Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Билјанини извори“ со почеток во 17:00 часот.

ГФК Охрид Лихнидос новата сезона ја започна со гостување во Куманово, каде загуби од екипата на Башкими. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука