Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Архива: Како се одбележа Денот на АРМ и заклетвата на 6-та генерација млади војници во касарната „Илинден“ во 1993 година (Видео)

Скопје, 18. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – На YouTube каналот Arhiv MK е објавено видео на МТВ од одбележувањето на Денот на Армијата на Република Македонија, на 18-ти август 1993 година.

Таа година свечена заклетва положи 6-та генерација млади војници на АРМ во касарната „Илинден“ во Скопје.

Денеска се одбележаа 31 година од формирањето на македонската Армија. Централната прослава се одржа на Стадионот на АРМ. Претседателот на државата и врховен командант на воените сили, Пендаровски одликуваше 60 припадници на АРМ со медал за храброст за помагање во катастрофалниот земјотрес кој годинава ја погоди Турција, а од Министерството за одбрана беа унапредени 13 припадници во чин „полковник“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Arhiv MK

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука