Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајна незгода на патот Охрид-Кичево, во близина на аеродромот

Охрид, 19. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Тешка сообраќајна незгода се случи попладнево на патниот правец Охрид-Кичево, во близина на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Според порталот Скопје 1, во незгодата учествувале две возила, од кои едното, марка „Фолксваген“ излетало од патот.

– Второто возило, кое влечело и приколка е речиsи целосно уништено од предната страна. Нема потврдени информации за повредени лица, а во незгодата е причинета поголема материјална штета, јавува истиот извор. (Крај)

извор: Скопје 1 фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука