Забава Избор Локална самоуправа Спорт ТОП ВЕСТИ

Вечерва концерт на Ѓоко Танески за официјално отворање на Ohrid water festival

Охрид, 21. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со концерт на Ѓоко Танески, вечерва и официјално ќе биде отворен Фестивалот на водени спортови Ohrid water festival.

Концертот е со почеток во 20:00 часот пред хотелот „Палас“.

Инаку, спортските настани во рамки на оваа нова охридска приказна започнаа во саботата, со пливачки митинг и Меѓународна охридска веслачка регата, вчера се одржаа кајак и кану регата на мирни води и триатлон.

Денес во рамки на програмата се одржува суп јога, првата регата околу Охридското Езеро, а од 16:00 часот се предвидени водени лудории на базенот „Атина Бојаџи“.

Програмата во рамки на деветте фестивалски денови сé до 27-ми август, опфаќа 17 спортски настани, надополнета со голем број социјално-забавни настани. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука