Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридските пензионери и денеска на протест, дел побараа оставка од претседателот на локалното Здружение

Охрид, 21. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Ние како пензионери сме многу револтирани, затоа што ова раководство не не поддржува, а го избравме ние, истакна на денешниот протест делегат од Воска кој побара оставка од претседателот на локалното здружение на пензионерите од Охрид.

Пензионерите ги повторија барањата и бараат оставка на раководството на Здружение на пензионерите на Република Македонија, итно да се донесе нов Закон за пензии, како и линерано зголемување на пензиите. Велат бараат процентуално зголемување на пензиите кое ќе значи достоинственен живот, особено за тие со ниски примања, јави порталот Охрид 1.

– Ова што го нудат тие процентуално е катастрофа за 80 илјади пензионери, тотална катастрофа и со средните пензии исто така. Процентуалното зголемување води кон класни разлики, затоа бараме линеарно зголемување на пензиите, велат пензионерите. (Крај)

извор: Охрид 1 фото: Охрид 1

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука