Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Почина легендарниот Toto Cutugno

Милано, 22. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во 80-та година од животот, во болница во Милано каде претходно беше хоспитализиран, почина легендарниот италијански пејач и текстописец Toto Cutugno, кој долги години боледуваше од рак на простата.

Веста за смртта на славниот музичар ја потврди неговиот менаџер Danilo Mancuzo, кој истакнал дека „после долга болест, здравствената состојба на пејачот, последните месеци се влошила.“

Toto Cutugno ја започна соло музичката кариера во далечната 1976. година.

Со децении се заминаваше со неговата голема љубов – музиката, а во кариерата постигна и бројни успеси. Беше победник на многу музички натпревари во Италија, но и ширум светот. Ја однесе победата и на изборот за песна на Евровизија во 1990. година во Загреб со антологиската „Insieme“ која го доловуваше духот на новото време во Европа по падот на Железната завеса.

На светски познатиот фестивал Sanremo учествуваше дури 13 пати, а првата награда ја освои во 1976. година, кога со групата „Albatros“ го освои третото место. На Sanremo беше победник во 1980. година со одличната „Solo noi“, а второто место го освои дури шест пати.

Cutugno е роден на 7-ми јули 1943 година во Фоздиново, во регионот на Тоскана. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука