Забава Избор

Лето 2023 во клуб Rebel: Петок, 25. август, House Music Night со Dj InvictoZ

Охрид, 23. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Забавите на Број 1 подиумот ова лето во Охрид продолжуваат со House Music Night и настапот на одличниот Dj InvictoZ во петок, на 25-ти август во клуб Rebel.

InvictoZ е Dj и продуцент со македонско потекло кој е лесно препознатлив по неговиот уникатен звук и стил на музика. Очекувајте хипнотички мелодии и ориентални звуци, ни премалку, ни премногу, само колку да ве натера да танцувате на Број 1 подиумот во Охрид. Неговите изданија стигнаа до насловните страници на Beatport и беа вклучени во многу популарни плејлисти и миксови на YouTube и Spotify.

Обезбеден паркинг за сите, а забавата започнува во 23:59 часот. Телефон за дополнителни информации и резервации е ++38979230912.

Ова лето, клуб Rebel е местото каде треба да бидете. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука