Забава Избор

Клучни зборови: Џони Штулиќ, нов албум, „Освежење“…

Охрид, 24. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Поранешниот фронтмен на култниот југословенски бенд Азра, Бранимир Џони Штулиќ, на својот Facebook профил неодамна го најави новиот албум, за подоцна, во рок од само два часа да го објави и самиот албум.

„Освежење“ доаѓа по албумот „Сплет“ од 2021 година и „Каверн“ од 2022 година, на кој се поместени дури 42 песни.

Новиот албум содржи 15 песни, главно обработки на традиционални и популарни песни, како и големиот хит на „Азра“, „Кад фазани лете“.

Штулиќ, во негов стил, не сподели никакви детали за албумот, а во објавата стои само дека е издаден за „Azra Music“. Верзија на албумот со само 7 песни е достапна на YouTube уште од 2015 година, меѓу кои и две обработки на традиционалните песни, „Дека си била Стојанке“ и „Бело лице љубам јас“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука