Забава Избор

Лето 2023 во клуб Rebel: Четврток, 24. август со Dj Yuxell

Охрид, 24. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Забавите на Број 1 подиумот ова лето во Охрид продолжуваат со настапот на Conductor & Yuxell вечерва, четврток, 24-ти август во клуб Rebel.

Dj Yuxell близу четири децении искуство зад микс пултовите на најдобрите клубови во Охрид, Македонија, но и многу пошироко. Човекот кој важи за врвен музички селектор и едукатор на голем број генерации локални Dj-и. Со истенчен сенс за ритам, вистинска песна во вистинско време, интеракција со публиката и беспрекорна техника. Има и сопствено радио шоу „Colors Of Freedom“ на охридското Супер радио, секој петок од 21:00 до 22:00 часот.

Обезбеден паркинг за сите, а забавата започнува во 23:59 часот. Телефон за дополнителни информации и резервации е ++38979230912.

Ова лето, клуб Rebel е местото каде треба да бидете. (Крај)

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука