Избор Култура Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Театарската претстава за деца „Озо и Бозо“ во петок пред најмладите охриѓанчиња, да кажеме НЕ на насилството

Охрид, 24. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од Општина Охрид информираат дека на барање на охридската публика, продолжуваат со низата настани за деца преку Програмата за култура за 2023 година.

– Во петок, на 1. септември 2023 година, по повод почетокот на новата учебна година, повторно со нашите познати актери Магдалена Ризова- Черних, Сашо Ристовски и Тамара Ангелеска, ќе се одржи театарската претстава за деца „Озо и Бозо“. Претставата има за цел да се испрати универзална порака: Со насилство НЕ – со дружба може СЕ’! Претставата ќе се игра на сцената кај ТЦ „Амам“ со почеток во 19:30 часот, потенцираат од охридската локална самоуправа.

Театарската претстава „Озо и Бозо“ е претстава која децата ќе ја проследат по повод почетокот на учебната година. Озо и Бозо се двајца браќа близнаци кои живеат заедно со дадилката во својот дворец, но Озо е тој кој постојано прави невољи и постојано сакам да се однесува како да е се’ негово. Во нивниот дом доаѓа гостинка која сака да се сретне со дадилката, но и со Озо за да ги праша нешто многу важно.

Низ многу згоди и незгоди со оваа претстава ќе упатиме апел до децата дека важно е да бидеме другари и секогаш да си помагаме, а насилството да не го применуваме во ниеден облик. Насилство во домот и во училиште не, со добри дела секаде и се’. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука