Избор Култура Локална самоуправа

Започна Охридскиот хорски фестивал 2023

Охрид, 25. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – На пригодна свеченост, синоќа започна Охридскиот хорски фестивал 2023.

Поздравен говор во име на Општина Охрид, оддржа советничката Ана Крстеска, која воедно го прогласи и за отворен фестивалот.

На овогодинешното издание учество земаат 17 хора од повеќе земји. Охридскиот хорски фестивал 2023 ќе трае четири дена од 24-ти до 27-ми август, а настапите со натпреварувачки карактер како и концертите на духовна, поп и фолк музика ќе се одржуваат во хотелот „Инекс Горица“ и во католичката црква „Св. Кирил и Методиј“.

Влезот за фестивалските ноќи е слободен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука