Избор Култура Македонија Општина Вевчани Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

Учесниците на Балканскиот поетски камп „Ванчо Николески“ беа во посета на СВП и ја слушнаа научно фундираната вистина за Михајло Пупин во Вевчани

Струга/Вевчани, 25. август 2о23 (ОХРИДПРЕС) – Учесниците на Петтиот балкански камп зас деца и млади „Ванчо Николески“ бea во прилика да проследат дел од манифестациите на Светскиот поетски фестивал Струшки вечери на поезијата (СВП).

Со тоа, тие имаа можност да бидат во близина на светските поетски великани што за нив е голема инспирација и поттик за поетско создавање. Можеби, еден ден, да застанат на „Мостот на поезијата“ со „Златниот венец“ во своите раце. Тие вчера, ја имаа можноста целото попладне да бидат во импресивниот амбиент на селото, односно општината Вевчани.

На свои 90 години, со припомош на младите, потпрен на бастунчето (патерицата), познатиот научник, Проф. д-р Павле Митрески, дојде во Вевчани, на самото место – куќата, односно „Спомен домот“ Михајло Пупин, радосен што изворно и од прва рака, ќе им ја каже вистината за Михајло Пупин, еден од најголемите светски научници и изумители, практично, таткото на глобализацијата. Со голем интерес и воодушевувања, младите од балканските простори, преку збор и изложена документација, ја слушнаа историската вистина за тоа кој бил Михајло Пупин, од каде потекнуваат неговите претци, зошто и како неговата мајка Олимпија, од шесте деца, го испратила токму него во широкиот свет, по глобална наобразба. Најнапред во Чешка, а од таму во САД, каде станал врвен научник, добротвор, но и дипломат. Личен пријател на тогашниот американски претседател Вилсон, кој го испратил на Мировната конференција во Париз, му ја доверил задачата да ја состави Декларацијата, во која има пасус за Македонија, односно за самостојна Македонија.

Дека Михајло Пупин, има корени од нашите краишта, потврда е фактот што тој имал посебна Фондација за поткрепа на студии за наши деца од Охрид и Струга, во Охрид за црквата стар Свети Климент го испратил најголемото црковно звоно, во тоа време, лиено во Љубљана, кое и денес одекнува од камбанаријата над Охрид, говорејќи ја виостината за големиот заљубеник во овој свет град. Истражувањата на д-р Митрески се денеска опшо прифатени во светот како најверодостојни и втемелени врз основа на оригинални документи.
Покрај првичните отпори, денеска е тоа признаено и од Српската академија на уметностите, научната јавност во балканските земји, но и од Руската академија на уметностите.

Професор д-р Павле Митрески, пишува за историјата на македонскиот народ, а посебно за Охридско-струшкиот регион. Објавил преку 140 прилози и 10 научни публикации. Добар дел од нив се за Михајло Пупин, а некои со посвета завршија во рацете на учесниците на Петтиот, по ред, Балкански шоетски камп за деца и млади „Ванчо Николески“. (Крај)

извор: Веле Митаноски фото: Веле Митаноски

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука