Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Започна 12-от Фер плеј куп, учествуваат над 2.000 натпреварувачи од 7 земји

Охрид, 25. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид, по 12-ти пат се одржува Меѓународниот Фер плеј куп.

Натпреварите се играат во СРЦ „Билјанини извори“, а ќе продефилираат над 2.000 натпреварувачи од 7 држави.

– Ова е најмасовниот спортски настан. Учествуваат близу 130 екипи во 6 возрасни категории од седум држави или над 2.000 натпреварувачи. Ги покануваме сите љубители на спортот да дојдат и да уживаат во натпреварите, велат за Супер радио и OhridPress организаторите, клубот „Фер плеј“.

Меѓународниот Фер плеј куп ќе трае до недела, за кога се закажани финалните натпревари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука