Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Со концерт на Горан Папаз и Ансамбл „Билјана“ во четврток започнува Охридскиот џез фестивал 2023

Охрид, 25. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот џез фестивал ќе биде свечено отворен со концерт на Горан Папаз и Ансамбл „Билјана“ во четврток на 31-ви август, а како гости на истиот ќе се појават, гитаристот Танче Гроздановски и перкусионистот Ратко Даутовски.

Концертот ќе се одржи во предворјето на црквата „Св. Софија“ во Охрид со почеток од 20:30 часот.

На вториот ден од фестивалот кој ќе се одржи на 1. септември 2023 година, исто од 20:30 часот, концертно ќе се претстави Џон И. Апелгрен со неговиот квартет.

Главен организатор на џез фестивалот е Општина Охрид а помагатели на истиот се Алкалоид Скопје и Жито Леб Охрид. Официјалното лого на фестивалот е изработено од страна на Астра Дизајн Охрид.

Со овој фестивал, Општина Охрид како никогаш до сега ја збогатува туристичката понуда со квалитетни настани и манифестации.

Влезот е слободен за сите љубители на добрата музика. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука