ЕКОЛОГИЈА Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Јавна расправа по Нацрт Законот за прогласување на Охридското Езеро за заштитено подрачје во категорија III-Споменик на природата

Охрид, 25. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Општинa Охрид, организира јавна расправа по Нацрт Законот за прогласување на Охридското Езеро за заштитено подрачје во категорија III-Споменик на природата.

Јавната расправа ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид во четврток, на 14-ти септември 2023 година со почеток во 10:00 часот.

Финалната презентација за Нацрт Законот може да се погледне на следниот линк. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука