Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и топло време со температура до 30. степени

Охрид, 26. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец.

UV индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 30. степени.

– До понеделник ќе се задржи многу топло време и насекаде ќе биде активно жолто ниво за опасност од висока температура. Денес во попладневните часови во јужните делови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Во понеделник кон крајот на денот и во вторник се очекува променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Дневните температури од вторник ќе опаднат за неколку степени, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука