Економија Забава Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Со акватлон и регата со традиционални охридски кајчиња денеска завршува првото издание на Ohrid Water Festival

Охрид, 27. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денеска ќе биде заокружено првото издание на фестивалот на водени спортови Ohrid Water Festival.

На програмата се акватлон и регата со традиционални охридски кајчиња, а социјално едукативниот дел ќе заврши со Рок симфонија на камерниот битолски оркестар.

– Интересот за настаните и позитивните впечатоци кај охриѓани и гостите потврдија дека на Охрид одамна му требаше ваков фестивал, вели градоначалникот Кирил Пецаков, додавајќи дека наша задача е од година во година овој фестивал да го надградуваме и развиваме во убава традиција на Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука