Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Oдбележани 110 години од Охридското Востание

Охрид, 12. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од активностите за одбележување на 110 години од Охридското Востание, делегација на Општина Охрид денеска положи свежо цвеќе на спомен обележјето на востаниците во село Велгошти.

Охридското востание е уште еден доказ за македонската непокорност. Спомените за херјските имиња кои биле дел од овој востанички подвиг ги чуваме и почитуваме како важен дел од македонската историја, а нивните храбри дела се наш потсетник за големата пожртвуваност за слобода и правда. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука