Забава Избор

Песната генерирана со AI – вештачката интелигенција на Drake и The Weeknd нема да влезе во конкуренција за претстојните Grammy награди

Охрид, 12. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Песната генерирана со AI – вештачката интелигенција која ги реплицира вокалите на Drake и The Weeknd нема да влезе во конкуренција за претстојните Grammy награди, и покрај најавите од Академијата дека се разгледува оваа можност.

Извршниот директор на Академијата Harvey Mason Jr. ја појасни целата ситуација во интервју за New York Times во кое јасно порача: „Оваа верзија на „Heart On My Sleeve“ со користење на моделиран глас со вештачка интелигенција која звучи како Drake и The Weeknd, сепак не е подобна за разгледување на Grammy.

Mason објасни дека прашањата за правата се исто така клучни за учество на Grammy наградите.

– Да бидам кристално јасен. Иако е напишана од човек, вокалите не се добиени легално со одобрување од авторите и песната не е комерцијално достапна. Поради тоа, таа е не е подобна за учество, рече тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Harvey Mason jr. (@harveymasonjr)

Можноста за учество на вакви манифестации на музика создадена од AI – вештачка интелигенција беше во центарот на дискусијата поврзана со Grammy наградите кои се закажани за февруари 2024 година. Претходно ова лето, Академијата потврди дека музиката направена со алатки за вештачка интелигенција ќе се смета „додека човечкот (креаторот) придонесува во повеќе од de minimis (помош од мало значење) износ, што значи дека тие се и секогаш ќе се сметаат за номинација или победа, рече Mason во јулското интервју за Associated Press.

„Ghostwriter навистина одигра важна улога овде за да се крене свеста за оваа појава која станува реалност“, изјави Mason за New York Times.

– Знаеме дека вештачката интелигенција ќе игра значителна улога во нашиот бизнис. Не можеме да се преправаме дека не постои, да вртиме грб и да се обидеме да ја забраниме… Не се плашам од AI, но верувам дека треба да се работи на тоа работите да се стават на свое место за да биде заштитена креативната заедница, додава тој.

Минатата недела, Ghostwriter објави нова песна генерирана од вештачка интелигенција наречена „Whiplash“ со „Travis Scott“ и „21 Savage“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука