Избор Локална самоуправа

Поставена нова водоводна линија на улицата „Булевар Туристичка“

Охрид, 13. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на ЈП „Водовод“ од Охрид извршија поставување на нова водоводна линија на улицата „Булевар Туристичка“.

– Целта на овој зафат е обезбедување на навремено и квалитетно водоснабдување на жителите. Се постави цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф160 мм во должина од 52 метри, информираат од Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука