Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Меѓународна конференција во областа на специјалната едукација и рехабилитација во Охрид

Охрид, 14. септември 2023 (ОРХИДПРЕС) – Од 14-ти до 16-ти септември, 2023 година, Охрид ќе биде домаќин на Меѓународна конференција во организација на Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет, УКИМ.

Институтот за специјална едукација и рехабилитација веќе 30 години ја остварува својата дејност во рамки на најстарата високообразовна институција Филозофскиот факултет, а тоа е доказ за успешна работа и вистинска насока на движење.

Во последните три децении Филозофскиот факултет беше посветен на градење кадри и политики за квалитетно образование и рехабилитација на лицата со посебни потреби. Со стручноста и иновативноста на Институтот за специјална едукација и рехабилитација беа поставени темелите за промени и патоказот кон континуирано менување на свеста за видливоста на лицата со посебни потреби.

– Оваа конференција е можност за споделување на искуства, поттикнување на академски дијалог и разгледување на најновите достигнувања, тенденции и иницијативи во областа на специјалната едукација и рехабилитација. Конференцијата ќе биде и можност за рефлексија и размисла. Ќе бидат разгледани прашања за тоа како можеме уште повеќе да се засилат напорите за унапредување на постигнувањата во областа на раната детска интервенција, воспитанието и образованието, како и во областа на рехабилитацијата и вработувањето на лицата со попреченост, информираат органзиаторите.

На отварањето на Конференцијата свои обраќања ќе имаат министерот за образование Јетон Шаќири, проф. д-р Ратко Дуев, Декан на Филозофскиот факултет во Скопје, проф. д-р Наташа Чичевска-Јованова, раководител на Институт за специјална едукација и рехабилитација и проф. д-р Ристо Петров. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука