Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

58-годишно лице од Холандија пронајдено починато во куќа во која престојувало во Трпејца

Охрид, 14. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 13-ти септември 2023 година, во 05:50 часот во СВР Охрид е пријавено дека во куќа во охридското село Трпејца, во која престојувал, бил пронајдено починато 58-годишно лице од Холандија.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител и согласност на член на неговото семејство, телото било предадено на погребално претпријатие. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука