Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Мото дефиле на моторциклисти од ИПА асоцијацијата во Охрид

Охрид, 15. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Педесетина моторциклисти, членови на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) од Националните секции на Србија, Хрватска и Македонија, денеска напладне доаѓаат во Охрид.

– Кај Подмолје тие ќе бидат пречекани од членови на мото секцијата на ИПА Охрид како и од членови на мото клубовите од Охрид. Оттука, ќе започне заедничкото мото дефиле кое, ќе се одвива по булеварите „Туристичка“ и „Македонски просветители“ до градското пристаниште каде е предвидена и изјава за новинарите. Моторџиите од ИПА Националните секции на Србија и Хрватска, доаѓаат во македонија на покана на ИПА Македонија во рамките на Меѓународниот караван на пријателството. Тие вчера пристигнаа во Скопје каде, денеска ќе го одржат мото дефилето по што преку Тетото, Гостивар и Кичево, караванот го продолжуваат во Охрид. Во древниот Охрид, ќе ги разгледаат и најзначајните културно историски знаменитости и локалитети на градот, информираат органзиаторите.

Меѓународниот караван на пријателството во чие одржување значајна улога има и МВР и СВР Охрид, моторџиите од ИПА националните секции на Србија, Хрватска и Македонија, ќе го продолжат кон Битола и Прилеп. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука