Забава Избор

SUPER Fresh music: Mika – C’est la Vie

Охрид, 22. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Уникатниот поп музичар Mika го претстави новиот сингл наречен „C’est la Vie“ – песна посветена на љубовта и личниот напредок.

Со оваа песна тој најавува нов предизвик во кариерата – албум кој ќе биде целосно на француски јазик. Тој ги опишува личните животни искуства, а новите песни, ќе донесат шармантни и невообичаено искрени стихови кои верно ќе ја пренесат неговата порака.

Фразата „Elle me dit“ одекнува низ синглот, означувајќи го манифестот на човек кој едно утро се разбудил и конечно почувствувал дека е подготвен да ја прифати иднината и сето она што таа го носи.

– Нашата среќа зависи пред се’ од нас самите, вели Mika и додава дека сака да ги инспирира слушателите никогаш да не се откажуваат од своите соништа, туку секогаш да учат и да напредуваат.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука