Забава Избор

SUPER Fresh music: Nicki Minaj – Last Time I Saw You

Охрид, 22. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Рап дивата Nicki Minaj со новиот сингл „Last Time I Saw You“ се претстави во едно ново, емотивно и ранливо издание, сосема невообичаено за музичарката позната по своите остри текстови.

Оваа песна претставува исчекор од очекуваното, па текстот се занимава со темата за губење на саканата личност, додека рефренот само ја надополнува носталгичната мелодија.

Синглот е дел од нејзиниот претстоен, петти студиски албум „Pink Friday 2“, кој се очекува кон средината на ноември.

– Оваа песна како да ме ослободи. Ми помогна да посветам повеќе внимание на луѓето кои сè уште ги имам покрај мене, да ги ценам и да се забавувам во моментот, порача Nicki.

Неодамна таа ја издаде „Barbie World“ од хит филмот „ Barbie“, кој го одбележа летото кое е зад нас.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука