Забава Избор

SUPER Fresh music: Imagine Dragons – Children of the Sky (a Starfield song)

Охрид, 25. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Популарниот бенд Imagine Dragons го претставува новиот сингл наречен „Children of the Sky (a Starfield song)“ создаден за научно-фантастичната видео игра „Starfield“.

Песната е инспирирана од темата и футуристичкиот свет на самата игра, така што оркестрацијата одразува интроспективно преиспитување на нашето место во универзумот и големите прашања на животот. Во проектот им помага еден од најиновативните композитори на денешницата – Inon Zur, кој значително влијаеше на звукот на голем број популарни видео игри во индустријата.

Imagine Dragons се наметнаа како еден од бендовите кои ја редефинираа рок музиката на 21 век откако се појавија на сцената во 2009 година. Dan Reynolds, Ben McKee, Wayne Sermon и Daniel Platzman стигнаа до пет последователни топ 10 позиции на топ 200 листата на Billboard, а нивните спотови имаат и по неколку милијарди прегледи.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука