Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Сигурно има Балкански корени: Дански уметник ангажиран од музеј им пратил две празни рамки, делото го нарекол „Земи ги парите и бегај“

Охрид, 20. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Данскиот уметник Jens Haning предизвика вистинска бура во светот на современата ликовна уметност кога го претстави своето ново дело „Take the Money and Run“, кое се состои од – празна рамка.

Haning беше ангажиран од данскиот музеј Kunsten да ги изложи неговите претходни дела во кои користеше банкноти за да го претстави проблемот со нееднаквоста во светот. Во делото „Просечен годишен приход во Данска“ од 2007 година, на врамено платно биле фиксирани банкноти од дански круни, додека во дело од 2011 година користел евра за да ги претстави приходите во Австрија, пишува „Gardijan“.

Музејот одвои 534.000 круни за новите дела, со хонорар за уметникот во износ од 25.000 круни (околу 3.900 американски долари). Меѓутоа, кога пристигнале делата што уметникот им ги испратил, пронашле само две празни рамки за слики, насловени „Take the Money and Run“.

– Два дена по отворањето на изложбата, Haning ни испрати е-пошта во која пишува дека ни испратил ново дело. Ние не сме богат музеј. Мораме внимателно да ги трошиме нашите средства и не можеме да потрошиме повеќе отколку што можеме да си дозволиме, изјави Lase Anderson, директор на музејот Kunsten.

Anderson наведува дека во договорот со Anderson стои дека тој треба да ги врати парите до 16-ти јануари.

– Верувам дека ќе ни ги врати парите. Тој е познат уметник. Но, ако не ни се вратат парите, ќе мора да го тужиме, вели Anderson.

Уметникот, сепак, вели дека нема намера да ги враќа парите.

– Работата беше токму тоа – да им ги земам парите. Тоа не е кражба. Тоа е прекршување на договорот, а раскинувањето на договорот е дел од работата, изјави Haning.

Неговите дела се дел од изложбата посветена на односот меѓу уметноста и работата. Изложбата „Work It Out“ беше отворена минатата недела и ќе биде отворена до средината на јануари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука