Забава Избор

TikTok и Billboard стартуваа нова Top 50 листа на најпопуларните песни на оваа социјална мрежа

Охрид, 21. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Компаниајта  TikTok го објави стартот на соработката со Billboard на официјалната Топ 50 TikTok топ листа, на која селекцијата и рангирањето на песните ќе се врши според „креациите, прегледите на видеата и ангажманот на корисниците“. TikTok Billboard Top 50 е првото рангирање кое ја мери популарноста на музиката на оваа исклучително популарна социјална мрежа.

Во моментов, само музиката објавена во САД се рангира на топ листата, а „SkeeYee“ на Sexyy Red во моментов е на врвот. Оваа недела популарни се и „Paint The Town Red“ на Doja Cat, „Deli“ на Ice Spice и „August“ на Taylor Swift.

Интересен е и фактот што понекогаш и некои стари песни „оживуваат“ повторно токму благодарение на TikTok. Таков случај беше и со синглот на Kate Bush од 1985 година „Running Up That Hill“, кој стигна до првото место на топ листите во Велика Британија минатата година, откако стекна популарност преку „Stranger Things“ на Netflix. Оваа недела, изданието на Dazz Band од 1982 година „Let It Whip“ влезе во Billboard Top 50 на TikTok, песната кој ја врати популарноста токму благодарение на апликацијата.

– TikTok е веќе најмоќната платформа во светот за промоција на музиката и секоја недела нашата страсна заедница на музички фанови ги става песните на топ листите. Значи, беше логично да се здружиме со Billboard за да ја креираме Billboard Top 50 на TikTok. Листата дава јасна слика за музиката што се слуша на TikTok, вели глобалниот шеф за развој на музичкиот бизнис на TikTok, Ole Obermann.

Погледнете ОВДЕ како изгледа оваа недела Billboard Top 50 на TikTok. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука