ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Поради штрајкот на вработените во судската администрација одложено денешното рочиште од судскиот процес за случајот Пендиков

Охрид, 21. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Поради штрајкот на вработените во судската администрација денеска беше одложено судското рочиште од процесот што пред Основниот суд во Охрид се води за нападот врз Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис III“ во Охрид.

Денеска  во судницата беа присутни оштетениот Пендиков и првообвинетиот во предметот Илија Спасески.

Следното судско рочиште по предметот судијата Бојан Мартиноски го закажа за 26-ти октомври 2023 година.

Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19-ти јануари во угостителски објект на Кејот на езерото во Охрид. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје. По неговото лекување во Бугарија, Пендиков доби и бугарско државјанство, кое му беше врачено од потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука