Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Привршува поставувањето на нова атмосферска канализација на улицата „7-ми Ноември“

Охрид, 30. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Привршуваат градежните активности за поставување на нова атмосферска канализација на улицата „7-ми Ноември“.

– Извршив увид на активностите и можам да констатирам дека тие се одвиваат според предвидената динамика. Во моментов се прават приклучоци за атмосферска канализација со пресеците на улиците „Егејска“, „Кленоец“ и „Васил Главинов“, додека паралелно со тоа се одвива и спуштањето на каблите под земја. Во наредниот период предвидено е да започнат активностите за изградба на тротоарските површини, информира градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука