Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Поради градежни активности, улицата „Димитар Влахов“ денеска е затворена за сообраќај

Охрид, 4. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Заради изведување на градежни активности, денеска, среда, 4-ти октомври 2023 година, ќе биде затворена за сообраќај улицата „Димитар Влахов“, на потегот од пресекот со улица „Караорман“ до пресекот со улица „Јане Сандански“.

– Сообраќајот на овој потег од улицата ќе биде прекинат во периодот од 07:00 часот до завршување на градежните активности. Местото на изведување на градежните работи ќе биде соодветно означено и обележано, информираат од Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука