Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Кошаркарите на ГКК Охрид во сабота го играат премиерниот натпревар на домашен терен како прволигаши

Охрид, 4. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Кошаркарите на ГКК Охрид оваа сабота, 7-ми октомври, ќе го одиграат премиерниот натпревар на домашен терен како прволигаши.

Во рамки на второто коло на гости доаѓа екипата на Навико Академија ФМП. Натпреварот ќе се игра во салата „Билјанини извори“ со почеток во 18:00 часот. Влезот е 100 денари, а средствата од продадените карти ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

На првиот прволигашки натпревар, охриѓани изгубија од Вардар во Скопје со резултат 80-73. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука