Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во посета на Супер радио (Фото)

Охрид, 5. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Ученици од четврта година при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид денеска беа во посета на Супер радио.

Учениците водени од професорот Никола Јованоски, практично се запознаа со она што го учат во школските клупи. Овојпат акцент беше ставен на аудио продукцијата, снимање на радио сегменти и програмите што при тоа се користат.

Од страна на уредникот Јане Стефанов и техничкиот реализатор Реџеп Селман на учениците им беше објаснат начинот на снимање и обработка на емисии, реклами и други информативни содржини, па сé до нивно емитување во етерот.

На овој начин стекнатите знаења на предавањата ќе се врежат во меморијата и на учениците и ќе им бидат од голема полза во нивните идни работни задачи и ангажмани. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука