Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Зачнување на Свети Јован Крстител

Охрид, 6. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ-ОА (Јулијанскиот календар), денеска е 23-ти септември, Зачнување на Свети Јован Крстител.

Иако сите христијански празници се со повеќеслојно значење, овој е еден од посебните во тој поглед. Денеска црквата ја слави милоста Божја што им даде син на старите родители на свети Јован, Захарија и Елисавета. Го слави и чудото што се зачна плод во утробата на Елисавета. Ја слави и мудроста Божја, бидејќи Јован беше оној што го истапка патот за целосното богојавување во реалната историска личност на Исус Христос.

Црквата го слави свети Јован Претеча и Крстител во неколку прилики, зашто тој е граничниот камен на Стариот и Новиот завет и, како што рековме, почеток на целосното објавување на Бога како Света Тројца на празникот Богојавление, меѓу народот познат како Водици. (Крај)

извор: МПЦ-ОА фото: Слободен печат

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука