Избор Локална самоуправа

Се поставува атмосферска канализација на улицата „Караорман“

Охрид, 6. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на ЈП „Нискоградба“ работат на изведба на атмосферска канализација на улицата „Караорман“.

– Линијата е во должина од 145 метри, а се поставуваат цевки со Ф50 и Ф95, информираат од охридската локална самоуправа.

Вредноста на зафатот изнесува 1.332.058 денари, средства од буџетот на Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука