Забава Избор

SUPER Fresh music: Offset – Fan

Охрид, 9. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Популарниот американски рапер Offset на публиката ѝ подарува новиот сингл „Fan“ со кој и официјално го најавува својот втор соло студиски албум насловен „Set It Off“, чија објава е закажана за средината на октомври.

„Fan“ доаѓа по успехот на првиот сингл „Jealousy“, снимен со сопругата на раперот и hip-hop дивата Cardi B.

– На овој проект работам повеќе од две години. Се чувствувам како Michael Jackson кој исто така дојде од успешна група која соборуваше рекорди, а потоа стигна до статус на суперѕвезда како соло уметник. Овој уметнички проект има моќен ефект врз мене и испраќа јасна порака до моите обожаватели, изјави раперот.

Offset се стекна со светска слава како член на познатата рап група Migos, а соло кариерата ја подигна на повисоко ниво со својот деби албум „Father of 4“, кој по објавувањето доби Grammy номинација за најдобра рап изведба на годината.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука