Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Вечерва во Софија се отвора изложбата „105 години Требениште“

Софија/Охрид, 9. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Националниот археолошки институт со музеј при Бугарската академија на науките во Софија, вечерва ќе биде отворена изложбата „105 години Требениште“.

Оваа изложба е продолжение на неколкугодишната соработка меѓу Националниот археолошки институт со музеј при БАН Софија, Народниот музеј на Србија од Белград, Археолошкиот музеј на Република Македонија од Скопје и Заводот и музеј Охрид.

Требениште кај Охрид е прв и можеби единствен пример на локалитет што е истражуван од три земји, промовиран преку три музеи, од Скопје, Белград и Софија, а изложбената поставка содржи предмети што се поврзуваат со животот крај брегот на Охридско Езеро уште од VI до IV век пред нашата ера и коишто ја покажуваат хронологијата на досегашните истражувања на некрополата Требениште. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука