Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

15 години на врвот, Rent A Car Escape останува број 1 компанија за изнајмување автомобили во Охрид

Охрид, 13. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со полни 15 години успешна работа зад себе, охридски Rent A Car Escape го прославува роденденот и останува број 1 компанија за изнајмување автомобили во Охрид, но и многу пошироко.

Основана во далечната 2008 година како првата компанија за изнајмување автомобили во Охрид, со професионална и тимска работа, но и со макотрпно граден и искрен однос кон клиентите, Rent A Car Escape прерасна во една од најдобрите компании во овој сегмент во Охрид и Република Македонија и најдобро рангирана Rent A Car агенција од страна на странски гости.

– На нашите ценети клиенти им нудиме најнови модели класични автомобили, SUV, моторцикли и велосипеди, а комплетната понуда за изнајмување е достапна на нашата веб страница www.ohridrentacar.com и на нашите профили на социјалните мрежи, велат Влатко Трпкоски и Марјанчо Матески од Rent A Car Escape, кои се „главните виновници“ за оваа успешна охридска бизнис приказна.

Тие испраќаат голема благодарност до сите сопственици на сместувачки капацитети во Охридско-струшкиот регион за довербата годиниве наназад.

Од Rent A Car Escape нудат најмногу за Вашите пари и повеќе сигурност со врвни возила и најдобра понуда, а секој посетител ќе добие бесплатна мапа од Охрид и Македонија.

– Контактирајте не и ќе разговараме за понудата и цените што може да ги добиете за автомобилот кој ќе го изберете. Посетете не во нашата канцеларија во строгиот центар на градот, потенцираат од Rent A Car Escape. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука