Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Филмот „М“ на Вардан Тозија вечерва премиерно во Охрид

Охрид, 14. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – На кино репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, вечерва премиерно ќе се прикажува филмот „М“ на Вардан Тозија.

Филмот е копродукција меѓу Македонија, Хрватска, Косово и Франција и станува збор за дистописка бајка во која главен лик е 8-годишниот Марк, кој во суровиот свет обземен од таен вирус е во потрага по својата мајка.

Улогите ги толкуваат: Матеј Сиваков, Сашко Коцев, Александар Ничовски, Тони Михајловски, Камка Тоциновска и Бојана Грегориќ-Вејзовиќ.

Почетокот на проекцијата е во 20:00 часот, а цената на влезниот билет е 150 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука