Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Охрид и Вевчани дел од проектот за подобрување на патната и комуналната инфраструктура

Охрид, 16. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Центарот за развој на Југозападниот плански регион и општините Охрид, Вевчани, Дебар, Пласница и Кичево, со дводневната обука организирана од страна на UNDP, ја започнаа реализацијата на проектот за подготовка на проектно-техничка документација со цел да се подобри патната и комуналната инфраструктура во Регионот.

– На дводевната обука поголем број на експерти со претставниците на Центарот за развој и општините ги разработуваа кључните елементи од проектниот циклус во градежништвото. Проектот на Центарот за развој е во висина од околу 4.000.000 денари и во следниот период се очекува да биде подготвена потребната документација со цел да може да се изврши реконструкција, рехабилитација и изведба на локалната патна мрежа во споменатите општини, како и фекалната мрежа во Пласница, информираат од Центарот за развој на Југозападниот плански регион.

Проектот е одобрен во рамките на првиот циклус на грантови за изработка на техничка документација, поддржан од страна на владата на Шведска, UNDP и од Бирото за регионален развој. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука