Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Изминативе 24 часа во Охрид наврнаа 18 литри на м2 воден талог, најмногу во државата

Охрид, 18. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) на Република Македонија, во текот на изминатите 24 часа во Охрид наврнаа 18 литри на метар квадратен воден талог, најмногу во државата.

– До 8 часот утрово, по поминати 24 часа, 18 литри на квадрат воден талог се измерени во Охрид и Берово, 17 во Штип и Крушево, 16 во Маврови Анови и Тополчани, 15 во Претор, 14 во Прилеп, Попова Шапка, Виница, Куманово и Дебар, 13 литри во Демир, Капија, 12 во Крива Паланка, Пожар, Струмица, Тетово и Битола, 11 во Скопје – Петровец, 10 во Гевгелија, 9 во Скопје – Зајчев Рид, Дојран и Велес и 3 литри наврнати во Кавадарци, соопштија од УХМР.

Во Охрид денес се очекува променливо облачно и потопло време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 16. степени.

– Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и потопло време со сончеви периоди. Во петок и сабота ќе дува засилен југоисточен ветер, кој ќе предизвика значителен пораст на температурата. Во сабота попладне и во текот на ноќта кон недела ќе има повремени врнежи од дожд, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука