Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Самуиловата тврдина најпосетуван локалитет годинава во Охрид

Охрид, 18. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Самуиловата тврдина е најпосетуван локалитет на НУ Завод и Музеј Охрид од почетокот на годинава досега.

Според информациите од оваа национална установа, тврдината од почетокот на годинава имала рекордни 90.000 посетители, Заливот на коските оваа година има 70.000 продадени влезници, а во Музејот Куќата на Робевци имало над 9.000 посетители.

– Овие бројки се показател дека културата е ресурс кој придонесува за развој на општеството, истакна по посетата на Охрид министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Веќе четврта година по ред стручните екипи на охридскиот Завод и Музеј работат на проектот за конзервација и доистражување на просторот од Самуиловата тврдина/Цитадела со цел ревитализација на целиот простор заради целосна презентација. Министерката Костадиновска Стојчевска верува дека следната година тврдината ќе биде целосно подготвена за презентација, со што, како што вели, уште повеќе ќе се подигне квалитетот на културната и на туристичката промоција на Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука