Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Општина Охрид ја објави програмата за одбележување на 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба

Охрид, 18. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со свечена програма, Општина Охрид ќе го одбележи 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба и јубилејот, 130 години од формирањето на Македонската револуционерна организација.

– Во петок, на 20-ти октомври 2023 година, со почеток во 12:00 часот, во големата сала на Општина Охрид ќе се одржи промоција на книгата „За македонистиката отворено“ од проф. д-р Димитар Пандев и Свето Стаменов. Промотор ќе биде дпц. д-р Бобан Карапејовски. Вечерта, од 19:00 часот, на истата локација ќе се одржи свеченост по повод 23-ти Октомври, во рамки на која свое обраќање ќе има градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков. Предвиден е и историски час со проф. д-р Нашата Котлар, како и културно-уметничка програма, информираат од Општина Охрид.

Свеченостите ќе продолжат и во понеделник, на 23-ти Октомври, кога со почеток во 10:00 часот ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен-обележјата на охридските револуционери во Градскиот парк во центарот на Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука